Повик за обучувач за градење на капацитети – Youth Advisory Board

Обука 1: Основи на Европската Унија – Институции, Политики и Пристапување

  • Фокус: Теоретски преглед на институционалната поставеност на ЕУ, процесите на донесување одлуки, динамиката на проширување и пристапување, како и клучните ЕУ политики релевантни за Северна Македонија како земја-кандидати. 
  • Цел: Да им се обезбеди на членовите на YAB цврста основа за разбирање на ЕУ институциите и политики, која ќе послужи како база за понатамошно практично ангажирање во младинските политики на национално ниво.

 

Националниот младински совет на Македонија објавува повик за ангажирање на обучувач за реализација на обука за градење на капацитети за потребите на проектот „Поддршка на Младинскиот советодавен одбор на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија“.

Главната цел на проектот е да се зајакне улогата на Youth Advisory Board (YAB) како двигател во процесите на креирање политики на Делегацијата на Европската Унија, со зголемување на влијанието врз младинските политики на национално и европско ниво. Проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на членовите на YAB за креирање политики базирани на докази, подобро разбирање на процесот на европска интеграција и ефективно ангажирање на младите и заедницата.

 

Очекувани задачи на експертот:

  • Подготовка на програма и методологија за обуката; 
  • Подготовка на работни и презентациски материјали; 
  • Реализација на тридневна обука (7–9 мај 2026 г.); 
  • Подготовка на краток извештај за реализираната обука.

Потребни квалификации:

  • Високо образование во политички науки, европски студии, право, јавна администрација или релевантна област; 
  • Минимум 3 години релевантно искуство во ЕУ политики, европска интеграција или јавни политики; 
  • Искуство во подготовки и реализација на обуки и градење на капацитети; 
  • Познавање на процесот на европска интеграција на Северна Македонија; 
  • Искуство во работа со млади или граѓански организации се смета за предност; 
  • Напредно ниво на македонски и англиски јазик.

Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани правни и физички лица можат да достават документи до 20.04.2026, до Национален младински совет на Македонија (ул. 29-ти Ноември бр.4в, 1000 Скопје) или скенирана на e-mail: [email protected], со наслов: „Апликација за обучувач – YAB – назив/име и презиме“.

Апликацијата треба да содржи:

  • Биографија на апликантот; 
  • Тековна состојба, не постара од една година (ако е правно лице)
  • Предлог методологија и агенда (Annex II); 
  • Финансиска понуда (Annex III); 
  • Изјава за ексклузивност и достапност (Annex V); 
  • Изјава за непостоење на услови за исклучување (Annex IV, ако е правно лице). 

**Обуката ќе се реализира на англиски јазик, и сите подготвени материјали и презентации треба да бидат доставени на англиски јазик.

Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот Услови за работа“.

Целосниот повик е достапен на следниот линк.

Сподели