Прирачник за младински еколошки активизам

Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамки на проектот „Младинска лабораторија на Западен Балкан“, го изработи „Прирачникот за младински еколошки активизам“ – сеопфатен и практичен водич за сите млади кои сакаат активно да придонесат кон заштита на животната средина и климатската одржливост.

Прирачникот ги обединува сите клучни информации, поими и принципи од областа на екологијата и климатските промени, нуди преглед на најважните закони и политики во Северна Македонија и Европската Унија, како и инспиративни примери на младински иницијативи кои поттикнуваат одржливо делување, граѓанска одговорност и колективна акција.

📘 Кратка верзија на прирачникот (со најважните информации и практични насоки) можете да ја преземете тука.
📗 Долга верзија на прирачникот (со подетални објаснувања, законска рамка и примери) е достапна тука.

Овој прирачник има за цел да ги инспирира и поттикне младите кон активно и информирано учество во заштитата на животната средина, претставувајќи вреден ресурс за унапредување на нивното учество во процесите на креирање и спроведување на еколошките политики.

Сподели